Тргнале по нов автомобил но виделе апел за помош - хуманоста на Драган Николиќ

Актерот Драган Николиќ замина во легендите на 72 годишна возраст по долга битка со тешката болест на дебелото црево. Легендата на Југословенскиот филм и театар беше хоспитализирана три пати за осум месеци. Тој беше 45 години во брак со актерката Милена со која многупати ја покажаа хуманата страна.

Како што пишуваат денеска медиумите од регионот, актерската двојка Милена Драгич и Драган Николиќ имале автомобил Голф од времето, па сакале да си купат нов, но тогаш биле за нив тешки времиња. Тие собирале пари за ново возило, а кога тргнале да купат, Голфот не им запалил, па се вратиле дома да замолат некој да ги префрли. Судбината тогаш си поиграла со нив, па баш во тој момент на телевизија е емитуван апел за помош на детенце, кое требало итно да биде оперирано за да му се врати видот.

Актерот ја погледнал сопругата и одлучиле дека на детето и неговото семејство повеќе им требаат тие пари отколку што нив им треба нов автомобил. Кога дошол пријателот кој требало да ги превезе до новиот автомобил, му рекле да вози во селото кај семејството на кое му треба помош.

Така тие ја покажале хуманоста и му помогнале на момчето.

 

 

 

 

 
 
13.03.2016 - 14:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега