Ќе ви пукне срцето од тага: Вака сопругата на Драган Николиќ се прости од него

Смртта на еден од великаните на Југословенскиот филм и театар, Драган Николиќ, е дефинитивно вест која го зави регионот во црно. Фановите во Белград направија графит посветен на ѕвездата, неговите пријатели и колеги оставија трогателни пораки не можејќи да го прифатат фактот дека треба да се збогуваат од него, но неговата сопруга, актерката Милена Дравиќ, остави порака од која ќе ви пукне сцето. Таа по цели 45 години брак го загуби својот сопруг, колега, пријател, сродна душа...

Двајцата се запознаа за време на снимањето на филмот "Kako su se volele dve budale". На пауза меѓу снимањата, тие отишле и се венчале, а кума им била актерката Сека Саблиќ.

- Замина мојот драг, мојот сакан, мој племенит сопруг, мојот Драган, мојот Гаги....Неговата Милена...

Вака актерката се прости од својот сакан кој почина на 72 години од тешка болест на дебелото црево.

 
 
14.03.2016 - 08:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега