Страшна несреќа кај Смилковци, починал на лице место: Црн викенд во Скопје

На подрачјето на  Скопје во текот на изминатите три дена се случиле 31 сообраќајни незгоди. Повредени се 20 лица, а две го загубиле животот. 

Сообраќајната полиција во петокот извршила увид на 11 сообраќајни незгоди, од кои пет се со последица материјална штета, три се со последици телесни повреди. Со полесни повреди се здобиле три лица. Се случиле и две незгоди во кои со тешки телесни повреди се здобиле двајца пешаци.

Во петокот во 9 часот и 50 минути на мостот на булеварот Гоце Делчев се случи страшна несреќа во која се судрија автомобил Цитроен со скопска регистрација управуван од 29-годишниот скопјанец Ф.Т и Фиат Пунто управувано од 61-годишниот Борис С од Скопје. За жал возачот на Фиат Пунтото починал на лице место откако се автомобилот се заби во оградата на мостот и буквално висеше од него.

Во сабота извршен е увид на вкупно 11сообраќајни незгоди. Од нив, шест се со последица материјална штета, четири со последици телесни повреди, во кои со полесни повреди се здобиле пет лица. Се случила и една незгода во која со тешки телесни повреди се здобил возач на патничко моторно возило. 

Во недела извршен е увид на вкупно девет сообраќајни незгоди, во кои четири се со последици материјална штета, четири се со последица телесни повреди, во кои со полесни повреди се здобиле шест лица. Се случила и една незгода во која еден пешак се здобил со тешки телесни повреди. 

Според информациите од Вељаноски, се случила и една незгода, во која има загинато лице. Несреќата се случила околу 07 часот и 40 минути на обиколницата на град Скопје во близина на клучка Смиљковци, во која учествувало возило „БМВ Х6“ со охридски регистерски таблици управувано од граѓаниин на Охрид. Охриѓанецот излегол надвор од коловозот, удрил во метални еластични одбојници, се извртел со возилото и запрел на локалниот пат селото Смиљковци-населба Бутел. Како последица од незгодата возачот го загубил животот на лице место, а со тешки телесни пшовреди се здобиле двајца сопатници.

Во текот на изминатите три дена од страна на сообраќајната полиција, откриени се поголем број прекршоци. Санкционирани се 32 возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, 77 возачи кои со возилата се движеле со брзина поголема од дозволената,15 возачи поминале на црвено светло на семафорите, седум 7 возачи не одстапиле првенство на минување на возилата во зона на крстосница, седум возачи не го почитувале правилото за првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, а шест пешаци поминале вон обележан пешачки премин, или пак поминале на црвено светло на семафорот за пешаци.

Со помош на специјалното возило „“пајак“, отстранети се 109 возила кои во поголема мера го попречувале нормалното одвивање како пешачкиот така и моторниот сообраќај.

 
 
14.03.2016 - 09:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега