Сопругата скршена, колегите ќе кажат последно збогум: Денеска ќе биде погребан Драган Николиќ

Легендарниот актер Драган Николиќ на 72 години почина во болница по долга борба со тешка болест на дебелото црево. 

Денеска од актерот неговата сопруга Милена која е скршена од болка, неговите колеги, пријатели, соработници, фанови, ќе се простат и последен пат ќе му кажат збогум. Комеморацијата за легендата е точно напладне, а ќе говорат Раде Шербеџија, Сека Шаблиќ, Драган Бијелогрлич, Војо Брајовиќ и многу други.

Два часа подоцна тој ќе биде погребан во алејата на заслужните граѓани во Белград. 

Министерот за култура ќеговори пред капелата.

 
 
14.03.2016 - 09:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега