Со мерцедесот влета во аптека

Утрово околу седум часот во населбата Цим во Мостар, се случила несекојдневна сообраќајна несреќа.

Возачот на Мерцедес, како што раскажаа сведоците, барал паркинг бидејќи му се брзало со оглед на тоа што неговата мајка во 7 и 30 часот требала да оди на операција.

Во возење му се блокирал воланот и Мерцедесот влетал во аптека, во која за среќа немало никој.

Во аптеката е причинета голема материјална штета. За среќа никој не е повреден.

 

 

 
 
14.03.2016 - 10:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега