ЕВН најави исклучувања - проверете дали ќе останете утре без струја

 

Без електрична енергија утре во период од 8:30 до 11:00 часот ќе бидат дел од корисниците од улица „Востаничка“ кај Рептил Маркет во општина Кисела Вода.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје без струја, исто така, во периодот од 8:30 до 14:30 часот ќе бидат и дел од корисниците од село Љубош, во општина Батинци.

Во периодот од 9:00 до 10:00 часот без електрична енергија ќе останат дел од  корисниците од  булевар „Мајка Тереза“ на потегот меѓу улиците „Боро Петрушевски“ и „Владимир Назор“, дел од корисниците од улица „Владимир Назор“ како и дуќаните на влезот во Клинички Центар, во општина Центар.

Без струја во периодот од 9:00 до 14:30 часот, ќе бидат корисниците од населба Крњево позади комплексот факултети, во општина Центар, а во периодот од 9:30 до 15:30 часот, корисниците од улиците „Нов Живот“, „Виничка“, „Дринска“ и „Вашингтонска“, во општина Шуто Оризари, корисниците од улица „Лука Геров“ подулици број 12, 14 и 16, во општина Ѓорче Петров, како и корисниците од село Долна Арнакија, во општина Сарај

 
 
14.03.2016 - 11:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега