Се преврте комбе на Црвениот Крст: Кумановчанка тешко повредена

 

Страшна несреќа се случи на магистралниот пат Радовиш-Штип, кога 23-годишниот В.Ц. од Куманово управувајќи со Цитроен Берлинго со кумановска регистрација, во сопственост на Црвениот Крст во Куманово, изгубил контрола и излетал од патот. Во незгодата со тешка повреда се здобила 18-годишната кумановчанка Б.Г. која била веднаш пренесена во болница.

Полицијата извршила увид.

 
 
14.03.2016 - 12:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега