Детали за несреќата кај Смилковци: Возачот починал на лице-место, детенце на Ургентен

Во текот на вчерашниот ден во 7 часот и 30 минути уште една страшна несреќа ја потресе Македонија. На автопатот Тетово-Скопје, кај Смилковци, се случила несреќа во која 56-годишниот охриѓанец А.М. во своето БМВ Х6, излетал надвор од коловозот и удрил во метални еластични одбојници, се извртел и запрел на патот Смилковци-Бутел. Според податоците од македонската полиција, 22-годишниот Н.М. кој бил сопатник во автомобилот е повреден, заедно со 12-годишно детенце кое било внатре. Истите биле веднаш со возило на Итната помош пренесени во Ургентниот Центар во Скопје, каде се и задржани на лекување поради сериозноста на повредите.

За жал, возачот починал на лице-место на страшната несреќа.

Полицијата и јавен обвинител извршија увид.

 
 
14.03.2016 - 13:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега