Невереме во Хрватска: Метеролозите најавуваат ветер со бризна до 95 километри на час
Метеоролозите во Хрватска денеска предупредија за опасност од оркански ветар, дожд и снег, пишува. „Јутарњи лист".
Во внатрешноста на земјата, а на места и долж јадранскиот брег се очекува дожд, а во централните области и снег, проследени со грмотевици во планинските области.
За реонот на полуостровот Истра и северното крајбрежје е прогласено ниво на црвена тревога за опасност поради очекувања за оркански ветар, кој според прогнозите, на моменти ќе достигне до 145 километри на час.
За Загреб и целиот северозападен дел на земјата е прогласен жолт код. Таму се очекува североисточен ветер со брзина до 95 километри на час
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа