ФОТО: Страшна сообраќајка во скопски Аеродром - тројца во болница

Три лица се повредени во страшна сообраќајна несреќа која денеска се случи во близина на училиштето „Ѓорѓија Пулевски“. Во сообраќајката учествува два патнички возила марка „ауди“ со скопски регистарски таблички и „поло“ со гостиварски таблички.

Од МВР информираат дека незгодата била пријавена во 11 часот и 20 минути, но причините за сообраќајката засега се непознати.

Во оваа незгода со повреди се здобиле три лица, од кои едно е префрлено во Ургентниот центар „Мајка Тереза“, а две се во клиниката „Св. Наум Охридски“.

Повеќе фотографии на Телеграф.

 
 
15.03.2016 - 13:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега