Тешка сообраќајка: Скопјанец итно пренесен на Ургентен

 

На регионалниот пат Куманово-Свети Николе кај местото Мешин Брез во селото Градиште, се случила несреќа во која 52-годишниот А.Т. од Скопје управувајќи со Хјундаи Купе со кумановска регистрација, изгубил контрола и излетал од патот, удрил во метални колобрани, а при несреќата се здобил со тешки повреди.

Повредениот со возило на Итна помош бил веднаш пренесен во болница во Куманово, но поради сериозноста на повредите е пренесен на Ургентен во Скопје.

Полицијата извршила увид. 

 

 
 
15.03.2016 - 13:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега