Зголемен индикаторот на доверба во преработувачката индустрија

Поповолна е економската состојба на фирмите во преработувачката индустрија во февруари споредено со јануари годинава, како и во однос на февруари лани, оценуваат раководителите на фирмите, објави денеска Државниот завод за статистика.

Индикаторот на доверба на раководителите на фирмите преработувачката индустрија во февруари во однос на јануари годинава е зголемен за 0.8 проценти, а споредено со февруари лани за 8,3 проценти. Оценката на раководителите е дека ќе се намали бројот на вработени.

Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во февруари во однос на јануари годинава, е поповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се дека ќе се зголеми, а залихите на готови производи се непроменети.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во февруари годинава изнесува 64,6 проценти од нормалното искористување. Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на прозводството имаат: недоволната странска побарувачка со 20,5 проценти, недоволната домашна побарувачка со 18,1 процент, недостигот на квалификувана работна сила со 16,8 проценти и финансиските проблеми со 9,1 проценти.

 
 
15.03.2016 - 14:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега