Филмско разбојништво во Струга - велешанец преживеал хорор со платнена прекривка на главата

Пред два дена околу 18:00 часот во Струга две непознати лица извршиле разбојништво над Д.П. (27) од село Богомила, велешко. По претходен договор за купопродажба на автомобил „БМВ“, Д.П. дошол во Струга и се сретнал со лицето договарач Телемак „Н“ и уште едно непознато лице. Во еден момент му впериле пиштол во слепоочницата, му ставиле платнена прекривка и бил удиран по главата. Притоа му одзеле паричник во кој имало лична карта, 1.300 денари, трансакциски картички од банки, 6 400 евра и мобилен телефон.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и за целосно расчистување на случајот.

 
 
16.03.2016 - 12:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега