Вардар во последната секунда испушти победа на гостувањето кај Висла

Ракометарите на Вардар вечерва одиграа нерешено 30:30 со полската екипа Висла во првиот натпревар од осминафиналето од Лигата на шампионите.

„Црвено-црните“ испуштија победа во финишот од дуелот особено што во поголемиот дел од второто полувреме имаа водство.

По изедначената игра во првите 15 минути кога резултатот беше 8:8, домашниот тим по десет минути направи серија по која водеше и со четири голови – 15:11. На полувремето беше 16:14 за Висла.

На почетокот на вториот дел, Вардар подобро почна и во 38 минута имаше два гола предност 20:18 пред се на подобрената игра во одбраната. Во 56.минута Вардар го имаше највисокото водство од 29:25.

Во последната минута Висла намали на 30:29, а Дејан Манасков на 45 секунди до крајот не реализраше удар од седум метри. Адам Висниевски во последните секунди ги постави конечните 30:30.

Кај Вардар Игор Карачиќ и Лука Циндриќ со по 6 голови беа најефикасни, додека кај Висла Тиаго Роча постигна 7 голови.

Реваншот во Скопје се игра на 26.март.

На другите дуели од осминафиналето двојките се: Монпеље – Флензбург, Мотор – Веспрем, Мешков Брест – Киелце, ППД Загреб – Рајн Некар Ловен (сабота) и ПИК Сегед – Кил (недела).

 
 
16.03.2016 - 20:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега