Камен темелник за повеќенаменско игралиште во Дексион

Во населбата Дексион во општината Ѓорче Петров, денес беше поставен камен темелник за изградба на повеќенаменско спортско игралиште.

Истото ќе биде готово за 5 до 6 месеци и во него ќе бидат вложени 9 милиони денари. Новото игралиште ќе биде градено по сите модерни стандарди.

На поставувањето на камен темелникот присуствуваа градоначалниците на град Скопје и општина Ѓорче Петров, Коце Трајановски и Сокол Митровски, министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, директорот на Агенција за млади и спорт Марјан Спасески, како и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Груевски одржа и средба со граѓаните од ова населено место, кои му предочија дел од проблемите со кои се соочуваат.

Пред нив беше посочено дека во моментов се работи на доизградба на булевар Партизански Одреди, кој се проширува за уште половина километар.

Инвестицијата е вредна 40 милиони денари, а сумата ќе биде обезбедена од буџетот на град Скопје.

Во општината Ѓорче Петров, како што беше посочено, до крајот на годинава ќе биде завршен големиот проект за изградба на 15 улици, од кои досега се веќе изградени седум. Овој проект е вреден 1,2 милиони евра.

По барање на граѓаните беше договорена средба со министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, на која ќе се наоѓаат решенија за решавање на нивниот проблем за легализација на куќите, поради проблеми со урбанистичкиот план.

 
 
17.03.2016 - 13:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега