Важна вест за сите кои се возат во градските автобуси

 

Градот Скопје соопшти дека дека од сабота (19.03.2016) автобуското стојалиште во правец кон Ѓорче Петров, наспроти пазарчето нема да биде во функција, и ќе биде времено преместено спроти Поликлиника Ѓорче Петров.

Преместувањето на постројката е поради реконструкција и проширување на булеварот „Партизански одреди“, и тоа од кружниот тек со улицата „Ацо Шопов“, до кружниот тек  кај  црквата „Св Петар и Павле“.

Преместувањето ќе важи се додека се изведуваат градежните работти на таа локација, а граѓаните навремено ќе бидат информирани за сите понатамошни промени.

 
 
18.03.2016 - 14:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега