Седум возила-машини за одржување на хигиената во општина Центар

Општина Центар денеска промовираше седум возила-машини за одржување на хигиената на улиците, тротоарите и велосипедските патеки на територијата на општината.  Проектот „Екобригада за чист Центар“ го претстави градоначалникот Андреј Жерновски. 

- Со децении, нехигиената беше еден од најголемите проблеми во Центар. Седум возила од понеделник до недела ќе ги чистат улиците. Ќе се користат еколошки и ароматизирачки средства за миење. Граѓаните ќе може на телефон да пријавуваат улици и места каде треба да исчистат возилата. Бројот ќе биде во мојот кабинет за да можеме да допреме и да ги чистиме и оние места кои досега биле ретко или воопшто не биле чистени, во близина на домовите на граѓаните или, пак, прикриени локации кои не биле третирани. Од денеска, по дојава од граѓаните, сите овие локации ќе бидат исчистени од нашите служби, рече Жерновски.

 

Специјалните возила се опремени со машини за собирање смет, четки за метење, машини за вшмукување прашина, цистерни со вода за миење на улиците, машини за  вшмукување лисја во есен и специјално возило за одржување на патеките во зимски период.

- Набавката е преку фирма, и ангажирањето на оваа механизација ќе чини до девет милиони денари за девет месеци, значи до еден милион денари месечно во зависност од сработеното. Достапни се и резервни возила за брза и ефикасна интервенција кога ќе има зголемена потреба и во периодите од годината кога улиците повеќе се валкаат, додаде Жерновски.

 

 
 
20.03.2016 - 15:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега