Драма во Гостивар: Прегазил дете и избегал

Околу 13 часот вчера на регионалниот пат Гостивар – село Градец се случила сообраќајна незгода во која возило „Пасат“ со албански регистарски ознаки, управувано од непознато лице, удрило во седумгодишно дете од селото Врапчиште. Возилото потоа го напуштило местото на настанот.

Детето било пренесено во Ургентниот Центар Гостивар, каде му е укажана лекарска помош и констатирани му се тешки телесни повреди, по што било пуштено на домашно лекување. 

Се работи за расчистување на случајот.

 
 
21.03.2016 - 12:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега