Скопјанец се забил во ограда - починал на лице место

Вчера 10:05 часот во Скопе на улица „Александар Урдаревски“ , автомобил „Нисан“ со скопски регистарски ознаки, управувано од лицето К.Б. (22) од Скопје, удрило во оградата на Трговско Претпријатие „Винце Комерц“. Притоа на местото на настанот починал сопатникот Т.М. (23) од Скопје. Возачот К.Б. со екипа на Итна медицинска помош бил однесен во Градска Општа Болница „Св.Наум Охридски“, каде му се констатирани тешки телесни повреди и се наоѓа во животна опасност. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР-Скопје.

 
 
21.03.2016 - 12:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега