Црна ноќ за тетовчани - тројца се борат за живот

Вчера во 03:50 часот на регионалниот пат Волковија-Тетово се случила сообраќајна незгода во која автомобил „Форд Ескорт“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од лицето Ж.Б. (21) од Тетово, излетало надвор од коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди, опасни по живот, се здобил сопатникот Ј.И.(21), а со телесни повреди се здобиле возачот и сопатникот Ѓ.Ј. (21), сите од Тетово. Тројцата се пренесени во Клинички центар-Тетово, каде им е укажана лекарска помош, а Ј.И. како итен случај е префрлен  во Ургентен центар-Скопје, каде е задржан на лекување.

Увид извршила екипа од Полициската Станица од Тетово.

 
 
21.03.2016 - 12:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега