Фан зона пред СЦ „Јане Сандански“ за мечот Вардар - Висла

Македонскиот ракоментен првак РК Вардар е на чекор пред нов пласман во четвртфиналето во Лигата на шампиони. По нерешенитре 30-30 на гостувањето во Плок кај Висла во првиот осминафинален меч, вардарци со нетрпение го очекуваат реванш дуелот. Јасно, е дека и целокупната македонска јавност ќе биде со црвено-црните, а како и минатата година, така и оваа од клубот најавуваат дека оние кои нема да обезбедат влезници за саботниот меч, ќе можат поддршката да ја дадат пред арената „Јане Сандански“ каде ќе биде организирана навивачка зона.
 
Во соопштението на Вардар објавено на клупската веб страна се вели: „Сакајќи да им излезе во пресрет на сите свои фанови кои сакаат да ја почувствуваат победничката атмосфера, да ги зголемат навивачките децибели во салата каде гостите треба да „изгорат", македонскиот првак реши да направи фан зона, и да им овозможи на сите заинтересирани да бидат дел од овој хепенинг. Фан зоната ќе биде пред СЦ „Јане Сандански" и ќе биде отворена од 15 часот па се до почетокот на натпреварот. Таму заедно ќе ги пречекаме нашите ракометари и ќе им дадеме поддршка пред влегувањето во салата каде сигурно ќе врие од навивачки набој и многу песни. Ќе им покажеме на гостите дека нашата тврдина е неосвоива, и никој неможе да ни застане на зацртаниот пат. Покрај убавата атмосфера ќе има и добра музика за забава на присутните, селфи зона, продажба на навивачки реквизити, и храна и пијалоци по пристапни цени. Но, тоа нема да биде се... Треба да бидете таму да ја почувствувате атмосферата, и да ги видите сите изненадувања. Дојдете заедно да се радуваме на нов успех на Вардар. Ве очекуваме во сабота пред СЦ „Јане Сандански“.
 
Натпреварот Вардар – Висла ќе се игра во сабота (26 март), со почеток од 18 часот, а фан зоната ќе биде отворена во 15 часот. 
 
 
21.03.2016 - 21:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега