Специјалци на секој чекор во Скопје - надлетуваат полициски хеликоптери

Полицајци на секој чекор и полициски хеликоптери денеска можат да се забележат во Скопје. Под силно полициско обезбедување продолжува судењето за настаните во кумановската Дива Населба од Мај минатата година.

Последното рочите беше на 8 Март, а во него сведочеа роднини на загинатите полицајци во крвавите настани. 

Инаку, на 9 и на 10 мај минатата година во кумановската Дива населба вооружена група се судри со безбедносните сили. Во престрелката загинаа осум полицајци од специјалните и посебните единици на МВР, додека четириесетина беа тешко повредени.  Убиени беа и десет лица од вооружената група.

Во декември минатата година сите 29 обвинети лица за тероризам пред Советот од судии од Основниот суд Скопје 1 се изјаснија дека не се чувствуваат виновни за делото „тероризам“.

Засилени безбедносни мерки се преземени околу судот и локалните сообраќајници. Скопје го надлетуваа полициски хеликоптери. 

 
 
22.03.2016 - 08:33
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега