Утре без струја делови од неколку скопски општини

Поради изведување технички зафати во електро-системот без електрична енергија утре ќе останат делеови од повеќе општини во Скопје, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.

Од 8:30 до 14.00 часот без струја ќе биде улицата „101“ во село Волково, општина Ѓорче Петров, од 10:30 до 15:00 часот улиците Виничка, Вашингтонска, Нов Живот и Дринска во општина Шуто Оризари, и од 08:30 до 14:30 часот дел од селото Љубош во општина Студеничани.

Без електрична енергија од 9:00 до 15:00 часот ќе бидат дел од корисниците од село Ново Село и улица „100“ од бр. 1 – 19; улицата „101“ и ул. „102“ од бр. 1 – 10 во општина Ѓорче Петров, а од 9.00 до 15:00 часот дел од селото Арнакија во општина Сарај.

 
 
22.03.2016 - 17:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега