Гога Секулиќ: Душата ми умира за мојот Игор!

Српската пејачка Гога Секулиќ за весникот Наше Новине изјави дека и дел од неа умрел заедно со нејзиниот сопруг Игор.

Гога низ солзи раскажа дека поминува низ еден од најтешките моменти во животот и дека навистина живее во пекол. - Сакам да го испратам сопругот како што му доликува. Тагата и болката од ден на ден се се поголеми. Немам надеж. Мојата душа умира за Игор, вели Гога низ солзи за Наше Новине.

Инаку, Игор денеска неговите роднини и пријатели ќе го испратат во неговиот вечен дом.