Бизнисмен од Катар донираше 15 илјади долари за рамазанските пости во Гостивар

Неколку стотини семејства од гостиварско за Рамазан ќе добијат пакети со храна кои се донација од вредна 15 илјади американски долари од страна на катарски бизнисмен.

Бизнисменот од Катар воедно планира и да гради и социјални станови.

- Со парите, купени се прехрамени продукти и направени се тристотини педесет пакети. Тие ќе им бидат поделени на сиромашни семејства за да достојно ги поминат рамазанските пости. Нашите служби, деновиве ќе почнат со дистрибуција, рече денеска на прес-конференција градоначалникот на Гостивар, Невзат Бејта. 

Од контактите кои биле остварени со катарскиот донатор, произлегла идеја за помош на социјално загрозените семејства, особено на оние кои живеаат во лоши услови и импровизирани живеалишта.

- Тој изрази желба да се изградат објекти со станови, во кои домувањето ќе биде бесплатно. Идејата за нас е прифатлива и ќе работиме на обезбедување на локации. Но, повеќе детаљи ќе знаеме по средбата која очекуваме да се оствари наскоро, рече Бејта.

ФОТО: Пулс 24

најчитано сега