Децата успеале да излезат од возилото- познат идентитетот на загинатиот во трагедијата кај Драчево

Вчера околу 15,15 часот на дел од пругата помеѓу железничка станица Јане Сандански на влезен сигнал во железничка станица Драчево поточно кај с.Драчево дошло до железничка незгода.

– Патнички воз кој сообраќал на релација Велес-Скопје удрил во ПМВ„Фиат Панда“ со скопски регистерски ознаки, а управувано од Ласте Д.(64) од Скопје, а сопатници биле две малолетни деца кои успеале да излезат од возилото. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот кој бил пренесен во поликлиниката Драчево каде од страна на лекар била констатирана смрт, стои во полицискиот билтен.

Од страна на увидна екипа од СВР-Скопје излезено е на местото на настанот, извршен е увид и се работи на целосно расчистување на случајот.

 
 
27.03.2016 - 13:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега