Семејна драма - жена заврши во болница

Полициската станица во Радовиш поднесе кривична пријава против лицето С.А. (59) од Радовиш поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“.

Пријавениот на 11.03.2016 година околу 11:00 часот отишол во дворот на М.А. и почнал да и вика. Таа се исплашила и паднала на земјата, а од падот се здобила со скршеница на десната рака. Пријавениот и оштетената подолг период имале нарушени меѓучовечки односи поради нерасчистени имотно-правни односи, за што синот на оштетената пријавил поплака против пријавениот.

 
 
27.03.2016 - 13:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега