Проверете дали утре ќе останете без струја

Поради технички зафати во електро-системот утре од 8:30 до 14:30 часот без струја  ќе бидат корисниците од село Батинци и дел од село Љубош  во општина Студеничани, како и дел од ул.„Востаничка“ во општина Центар, информира денеска Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по известувањето добиено од ЕВН Македонија АД.

Прекин на снабдувањето со струја утре од 10 до 13 часот ќе имаат и корисниците од село Сингелиќ, реон економија, сервис ХИХО во општина Габи Баба, од ул. „Антон Панов“ и дел од ул.„Елисие Поповски Марко“  во општина Центар, а од 9 до 15 часот  од село Долна Арнакија и корисниците од село Рашче подулица 1 и 2 во општина Сарај.

 
 
28.03.2016 - 11:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега