Отворен нов Дневен центар за стари лица во општина Сарај

Во просториите на основното училиште „Дитурија“ во општина Сарај денеска беше отворен нов дневен центар за стари лица на Црвен крст на град Скопје. Овој настан е организиран во рамки на програмата „Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови“.

На овој настан, како што соопшти денеска Црвениот крст на Република Мкаедонија, беше потпишан договор за соработка помеѓу Црвен крст на град Скопје, Здружението на пензионери од Сарај и основното училиште „Дитурија“. 

Со оваа активност социјалниот сервис „Дневен центар за стари лица центар за давање помош во домашни услови“ се проширува со функционирање на трет по ред дневен центар за активни стари лица и вкупно 150 стари и изнемоштени лица кои беа посетувани во домашни услови на вкупно осум општини од страна на 12 волонтери и пет медицниски сестри на Црвен крст на град Скопје.

Реализацијата на оваа активност е поддржана од страна на Даути Фондацијата и компанијата ЕВН Македонија.

 
 
28.03.2016 - 14:39
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега