Граѓани и фирми од Скопје должат за вода над 50 милиони евра

Граѓаните на Скопје должат на ЈП „Водовод и канализација“ околу 38 милиони евра, а стопанските субјекти кои работат во скопскиот регион 15 милиони евра. Ова го посочи директорот на тоа Јавно претпријатија Александар Атанасов на денешната прес-конференција на која ги повика граѓаните да ги плаќаат сметките во предвидениот рок.

Атанасов ги повика граѓаните да ги плаќаат сметките во предвидениот рок и посочи дека слаба наплата има во Сарај, Чаир и во руралните средини околу Скопје.

Според него има подобрување со наплатата и оти во моментов се на терен во Шуто Оризари каде очекуваат, исто така, подобрување на наплатата.

Атанасов информираше дека се гради нов водовод во Шуто Оризари, инвестиција вредна околу три милиони евра, а во кои претпријатието учествува со 33 отсто или 78 милиони денари кои годинава ќе ги инвестираат во проектот. Изградбата почна лани и досега се завршени 45 отсто од работите.

 
 
29.03.2016 - 13:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега