Бекир асани, човекот што МВР го сомничи за нападот на Тодор Петров уапсен во Србија

Првиот човек на ДУИ во Чаир, Бекир Асани пред два дена бил уапсен па експресно пуштен на територијата на соседна Србија, јавува српски Ало.

Според информациите, кои ги објави весникот, АСани бил уапсен за сообраќаен прекршок на тероторијата на Бујановец, но што точно се случило, не се објавени подетални информации.
Ало нагласува дека Во Србија веројатно никој не бил знаел кој е уапсениот ако за него не реагирала српската амбасадорка во Македонија.
„Дури по пуштањето, нашите сфатиле кого имале во раце и колку лесно го пуштиле, а најлошо од се е што никој не ја знае причината за доаѓањето на Асани во Србија, и тоа баш во време на жешката предизборна атмосфера. Има индиции дека на територијата на Србија се наоѓаат уште неколку опасни луѓе од Македонија, но никој не ја знае точната причина за нивното доаѓање“ – пишува Ало.

Според весникот, за ослободувањето на Бекир Асани реагирал македонскиот пратеник Артан Груби лично кај амбасадорката на Србија во Македонија, Душанка Дивјак Томиќ.

Бекир Асани е претседател на огранокот на ДУИ во скопски Чаир. Беше еден од осомничените за нападот врз претседателот на СМК, Тодор Петров.

 

 

 
 
30.03.2016 - 13:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега