Нафтата поевтинува на светските берзи - во Македонија бензините и дизелот поскапуваат

Нафтата поевтини во четвртокот и го прекина подемот, забележан во претходната сесија. Очекувањата дека презаситеноста на пазарот наскоро нема да биде надмината, како и поскапувањето на доларот, го влошија размислувањето, посочува „WBPonline“.

Во 9:30 часот американската лесна сурова нафта WTI се тргуваше со 1,23% пад до 37,85 долари за барел, а европскиот репер Брент поевтини со 1% до 39,65 долари за барел.

 

Овие цени и натаму се повисоки од просечните врз основа на кои Регулатораната комисија за енергетика минатиот понеделник ги формираше малопродажните цени.
Оттука, за очекување е од вторник во Македонија да следи ново покачување на цените на бензините и дизелот.

 
 
31.03.2016 - 11:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега