Почина познатиот македонски уметник

Академик Глигор Чемерски, еден од најголемите македонски сликари, почина денес во Скопје на 76 годишна возраст.

Роден е во Кавадарци во 1940 година, а се образувал во Скопје, Белград и во Париз. Завршил Академија за ликовна уметност и постдипломски студии во Белград. Во 70 години тој добива стипендија од француската влада што му овозможува повеќегодишен престој стојува во Париз. Чемерски беше чест гостин на француската престолнина а во последните години стана еден од постојаните сликари на Galerie du Fleuve во Париз.

Неговиот стил е инспириран од експресионизмот и иконите на православието. Тој е автор на Споменикот на слободата во Кочани и на мозаикот во Стопанската банка во Скопје.

Од 1962 година, кога првпат самостојно изложува во Скопје, следуваат триесетина индивидуални изложби во Охрид, Струмица, Кавадарци, Белград, Загреб, Будва, Александрија, Париз, Хаг, Вашингтон, Вилмингтон, Феетвил, итн. Македонското и југословенското сликарство во периодот до 1991 година ги претставувал во Белград, Загреб, Сараево, Љубљана, Дубровник, Пореч, Париз, Рим, Александрија, Истанбул, Софија, Прага, Грац, Букурешт, Москва, Мадрид, Копенхаген, Мексико Сити, Њујорк, Хаг, Даблин, Белфаст, Глазгов…

 

 
 
02.04.2016 - 14:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега