Бугарки доживотно протерани од Македонија - еве што направиле

33-годишната Б.Б.И. и 41-годишната Г.Д.Н. државјанки на Бугарија се доживотно протерани од Македонија поради три кривични дела ,,кражба“ при што се стекнале со околу 26.500 денари за што од страна на судија на претходна постапка одредена им е мерка 1 година затвор со 3 години условно.

Според податоците од МВР, кривичните дела жените ги извршиле во попладневните часови на подрачје на Центар. Првото дело е извршено во бутик а останатите две дела се во автобус, на идентичен начин. Користејќи го невниманието на ограбените и гужвата околу нив, со протнување на рака во нивните чанти, Бугарките ги одземале нивните паричници.

Од страна на полициските службеници истите биле забележани и лишени од слобода.

 
 
03.04.2016 - 11:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега