Естрадата во шок: Саша Поповиќ се огласи по смртта на пејачката на Гранд

По повод трагичната смрт на пејачката Јелена која беше пронајдена мртва во канал во колви крв, откако претходно беше пријавена како исчезната, се огласи и Саша Поповиќ. Тој изјави дека е потресен и не може да верува што се случило.

- Длабоко сум потресен. Зарем нашата Јеца веќе не е со нас?!, рече тој за пејачката на неговата продукција.

Додава дека се до моментот кога од српското Министерство за внатрешни не објавија дека е мртва, тој се надевал на најдоброто. 

- Ова е ненадоместлива загубиа, пред се за семејството, а потоа и за нас пријателите и колегите на Јеца, вели тој.

Инаку, во потрагата во последните 20 часа додека да се најде телото, беа вклучени голем број полицајци, кои пребараа се од куќите до гробиштата и улиците, полициски кучиња, како и нејзините роднини и пријатели. Таа зад себе ја остави петгодишната ќеркичка.

 
 
03.04.2016 - 14:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега