Крвав викенд во Скопје: 13 лица во болница

Пет лица се тешко повредени, а осум се здобиле со полесни повреди во 13 од  31 евидентирана сообраќајна несреќа во изминатите три дена во Скопје. Во останатите сообраќајки е причинета материјална штета, информира за МИА самостојниот инспектор Драган Вељаноски од СВР - Скопје.

Во текот на изминатите три дена сообраќајната полиција открила и санкционирани 92 возачи кои  кои возеле со брзина  поголема од дозволената, 21 кои возеле  под дејство на алкохол  и се исклучени од сообраќај, 11 поминале на црвено светло на семафоите, 22 не користеле сигурносен појас или зборувале мобилниот телефон, а 12  при управување велосипед со помошен мотор, мопед,мотоцикл не носеле заштитен шлем на главата.

Со помош на  специјалното возило пајак  отстранети се 79возила кои во поголема мера го  попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

 
 
04.04.2016 - 10:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега