Хрватскиот новинар Бродиќ оценува: Се бара смена на ВМРО за да се смени името

 

Цврстиот став на ВМРО ДПМНЕ за прашањата од национален инетерс како што е спорот за името е причина за почетокот на политичаката криза во Макеоднија, смета хрватскиот новинар и аналитичар Иван Бродиќ кој неодамна своите ставови ги изрази во анализа за хрватски Директно.хр. Во разговор за Сител Бродич појаснува дека опозицијата и одредени меѓународни фактори имаат за цел да ја урнат владата на ВМРО ДПМНЕ за да дојде до смена на иемто кое е предмет на деценискиот спор со Грција. „Подолго време ја следам состојбата во макеоднија, со протести и контрапротести, барања за промена на името, блокади на евро-атланските интеграции. Морамд а кажам дека забележав дека постои одредена игра за смена на ВМРО ДПМНЕ од власт за да дојде до промена на името. Ова би било спротивно на желбите на мнозинството граѓани“, оценува еминентниот новинар. Бродич во своите анализи оценува дека манипулациите и конструкциите од спин лабораториите на СДСМ се веќе прочитани, нод ека интересот за решавање на иметро ја одржува политичката криза. Сепак следејќи ги анкетите, Бродич смета дека поддршката на граѓаните ја има ВМРО ДПМНЕ и дека мнозинството во земјава не сака да им удоволи на грчките националистички барања. „Според последните анкети на Галуп кои имав можност да ги видам ВМРО-ДПМНЕ има речиси дво-третинска поддршка па ваквите сценарија не би можело да се остварат. За да се постигнат целите на опозицијата треба да се суспендира демократијата а тоа не е во ничиј интерес“, вели Бродич. Покрај одбраната на националниот интерес според хрватскиот новинар пресудна за поддршката на граѓаните за ВМРО ДПМНЕ е и одличната економска политика.

 
 
04.04.2016 - 16:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега