Проверете дали утре ќе останете без струја

Корисниците од селото Волково лоцирани на улиците „33“, „101“,„102“ и „103“ утре ќе бидат без струја од 10 до 15 часот. 

Во периодот од 9 до 10 часот без струја ќе останат корисниците од улицата Гаврил Константиновиќ, големите броеви од 20 во општина Аеродром. Од 12:30 до 15 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Мраморец“- непарни броеви во општина Карпош.

Од 9 до 10 часот без струја ќе бидат корисниците од селата Арнакија и Долна Арнакија во општина Сарај, а од 9 до 15 часот корисниците од улиците „Виничка“, „Нов живот“ и „Дринска“ во општина Шуто Оризари.

Од 8 до 10:30 часот без струја ќе бидат корисниците од улиците „Речиште“ и „Герника“ во населбата Драчево, а од 9 до 10 часот корисниците од булеварот „Јане Сандански“ 77, 79 и 87, како и малите објекти во општина Аеродром.

Во временскиот период од 9 до 11 часот без струја ќе бидат корисниците од булеварот „Трета македонска бригада“, корисниците кај Скопски пазар, Метро и Карпет Макс во општина Аеродром. 

Од 12 до 15 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Ратко Митровиќ“ подулички 3, 5, и 7, дел од улицата „Киро Фетак“ пат кон Долно Лисиче и улицата „Герника“- подулици 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8 и 10 кон циглана, во населба Драчево.

Од 9 до 10:30 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Георги Димитров“ број 21 во општина Кисела Вода, а од 7 до 17 часот корисниците од улицата „Индира Ганди“, кај Матекс, пат за село Оризари во општина Шуто Оризари.

Како што информира РЦУК – Скопје, прекините се заради инвестиции во електросистемот

 
 
05.04.2016 - 10:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега