Почна прскањето против здодевните комарци во Скопје

 

Авионската дезинсекција против ларви од комарци ќе се реализира денеска во Скопје, а утре ќе се спроведе терестричната дезинсекција (земјена).

Град Скопје информира дека првата аеросолна дезинсекција (авионска) за годинава ќе се одвива од 6 до 12 часот. Ќе бидат опфатени сите мочуришта, канали и стоечки водени површини во Скопје и неговата околина, како и течението на реката Вардар.

Земјената дезинсекција, прва за годинава, ќе се реализира од 9 до 17 часот. Ќе ги опфатени сите стоечки водени површини во Скопје (канали, езерата во Градскиот парк, езерото Треска и по течението на реката Вардар). 

Град Скопје информира дека доколку временските услови не дозволат, авионската дезинсекцијата против ларви од комарци ќе се изврши првиот нареден ден, во истиот термин. Согласно на тоа ќе се извршува и соодветната земјена дезинсекција.

Градските власти апелираат пчеларите на време да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

 
 
06.04.2016 - 14:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега