Исполнето барањето на жителите на Долнени-патот саниран, планирано целосно асфалтирање

 

Пред неполн месец при посетата на општина Долнени од страна на министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски жителите го истакнаа својот најголем проблем и од министерот побараа санација на патот кој ги поврзува селата Вранче и Средорек.

Мисајловски на средбата им вети на жителите дека ќе го разгледа нивното барање и истото ќе го реализира во најбрз можен рок.

Денеска после три недели министерот повторно ги посети жителите во општина Долнени и изврши увид во завршената санација на локалниот пат.

-Како што побараа и како што им ветивме на жителите од Долнени го саниравме патот кон с. Вранче во должина од 6 километри. Во втората фаза овој пат ќе се асфалтира и со тоа ќе се поврзат и останатите рурални подрачија во овој регион, истакна Мисајловски при денешната посета на Долнени.

 
 
06.04.2016 - 14:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега