Одложено судењето за полицаецот кој нудел поткуп за лажно сведочење во интерес на Катица Јанева

 

Се одложи првото судско рочиште против вработениот во МВР кој е обвинет за нудење поткуп за лажен исказ во интерес на Специјалното Јавно обвинителство. Обвинетиот Насер Селмановиќ, началник на Единицата за техничка поддршка при Петтата управа на ДБК, седна на обвинителната клупа. Сепак неговиот адвокат, Филип Медарски, тврдеше дека одбраната не е подготвена поради тоа што не бил извршен увид во целокупниот доказен материјал кој го поседува Јавното обвинителство. Судијата закажа увид за 15ти април по што ќе биде одреден нов датум за одржување на судското рочиште. Според обвинителството, обвинетиот понудил 100.000 евра поткуп за сведочење кое треба да ја дискредитира поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, а за предмет кој го води Специјалното јавно обвинителство на Катица Јанева.

 
 
06.04.2016 - 15:04
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега