Трајковски: Цановски сам потврди дека има дивоградба на ФОН
Неколку дена по дадената изјава дека гради согласно сите законски прописи Фијат Цановски сам се демантира, вели за ТВ Нова градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски.
Претставници од фирмата Финечи чии сопственик и основач е Цановски на 30 март поднеле барање за легализација на трите катастарски парцели каде е сместен Универзитетот ФОН.
-Барањето им е за трите катастарски парцели каде што е сметен факултетот ФОН, односно со ова и тој самиот потврдува дека повторно овде има направено дивоградба. Не само во случајот на Космос, туку сега и самиот потврдува дека во делот на факултетот има направено дивоградба односно го прекршил законот за градење. Во овој момент има поднесено само барање, а кога ќе го изработи елаборатот точно ќе можеме да утврдиме колава е таа површина што ја направил е дивоградба, дали целиот објект е дивоградба или само дел од него е дивоградба, истакна Трајковски.
ТВ Нова претходно обелодени дека Космос не е единствената дивоградба на Фијат Цановски. Според документите Цановски надвор од законот градел и делови од Универзитетот ФОН кој исто така е во негова сопственост.
Цановски го промовираше и студентскиот дом во рамки на Универзитетот ФОН. Според признанието на самиот Цановски целиот објект се уште нема имотен лист, односно допрва треба да биде впишан во Катастарот.
-Ние имаме имотни листови, имаме сега доукнижување за другите катови горе, но овој дел кај што сме сега има имотни листови, истакна Цановски.
Објектот на Универзитетот ФОН во Скопје е пуштен во употреба во 2003 година.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа