Награда за Попоски од ЕГЕ Универзитетот во Измир

 

 

Универзитетот ЕГЕ во Измир, Турција му додели награда на министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски за комуникациски вештини во областа на мирот.

Како што соопшти МНР, признанието му е додлено врз основа на избор од страна на 70% од анкетираните во рамки на специјализирано научно истражување спроведено од Унивезритетот во областа на мировните комуникации и преговарачкиот стил. Во овој вид истражувања се вклучени повеќе од 50 амбасадори на европски и воневропски земји, како и повеќе студенти во областа на комуникациските вештини.

Наградата му ја врачи професорот д-р Билдехан Гултекин од Универзитетот ЕГЕ, кој денеска одржа предавање во рамките на Дипломатската академија при МНР на тема „Дипломатија базирана на мир, мировни комуникации и едукативен дијалог преку примерот на односите помеѓу Турција и Македонија“. 

 
 
06.04.2016 - 16:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега