Заменик-министерот Максути ја презеде функцијата во Министерството за одбрана

 

Во Министерството за одбрана на Република Македонија, денеска заменик-министерот за одбрана Беким Максути официјално ја презеде функцијата од поранешниот заменик-министер Илми Селами.

Како што соопшти Министерството за одбрана, во оваа прилика Селами му честиташе на новиот заменик-министер и му посака среќа и успех на фунцијата.

Заменик-министерот Максути на оваа функција доаѓа од академската заедница. Тој е професор и шеф на Одделот за криминологија при Универзитетот во Тетово, како и предавач на Универзитетот на ЈИЕ и на Универзитетот ФОН.

- Максути исто така има богато искуство во Армијата и Министерството за одбрана на Република Македонија, каде што ја вршеше функцијата шеф на кабинет на министерот, а исто така и раководител на Секторот за меѓународна соработка, се вели во соопштението. 

 
 
06.04.2016 - 16:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега