Заев најави па откажа обраќање пред јавноста

 

Лидерот на СДСМ Зоран Заев најави па откажа обраќање пред јавноста во врска со очекуваното распуштање на парламентот.

Нема образложение зошто е одложена прес конференцијата додека целата јавност очекува да го слушне ставот на СДСМ за одржувањето на изборите на 5-ти јуни.

Засега е непознато која ќе биде позицијата на СДСМ, а одложувањето отвара сомнеж за одвивање на преговори во последен момент.

Попладнево СДСМ најави оставки на своите функционери во Владата.

Меѓународните претставници порачаа дека со заеднички напори за исполнување на условите можни се избори на 5-ти јуни

 

 
 
06.04.2016 - 18:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега