Муцунски тврди дека граѓаните лесно ќе одлучат кој е деструктивен, а кој нуди просперитет
Македонија виде како СДСМ замислува практикување власт овие неколку месеци колку што нејзини кадри се дел од извршната власт. Затоа граѓаните на изборите лесно можат да препознаат кој од двата концепти да го изберат, оценува заменик министерот за информатичко општество и администрација, Тимчо Муцунски за радио слободна Македонија.
-Изборот е едноставен, вели Муцински, деструкција наспроти просперитет. Муцунски вели дека ВМРО-ДПМНЕ на овие избори ќе понуди нова програма во која ќе има проекти за подобар стандард на граѓаните.
Прилогот на Сител, погледнете го во продолжение:
06.04.2016 - 19:44
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа