Извештај на СБ за Македонија и уште пет земји од ЈИЕ

„Ребалансирање за посилен раст“ е насловот на деветтото издание од серијата извештаи за состојбата на економиите во Југоисточна европа (ЈИЕ 6 Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора, Србија) што денеска ќе го промовира Светска банка.

Регионалниот извештај ќе го претстави Галина Андонова Винчелете главен економист на СБ за регионите на Европа и Централна Азија и коавтор на Извештајот преку видео линк кој ќе биде обезбеден со канцелариите на Светска Банка ЈИЕ 6 земјите. Преку линкот освен Андонова Винчелете  на прашања ќе одговараат и други економисти од СБ за наведените земји.

Во Скопје извештајот ќе го претстават Ивајло Изворски менаџер на Одделот за макроекономија и фискално управување при СБ и Бојан Шимбов економсист од канцеларијата во Светска банка. 

 
 
08.04.2016 - 08:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега