Ахмети за Алсат-М: ДУИ ќе учествува на изборите на 5 јуни

 

ДУИ ќе учествува на изборите на 5 јуни. Ова го потврди лидерот Али Ахмети во интервју за емисијата „Патот кон“ на Алсат М. Тој воедно го повика лидерот на СДСМ, Зоран Заев, да го преиначи ставот и да гледа, како што рече, да остане во процесот за доброто на земјата и на неговата партија.

– Тие не треба да се самоисклучат, туку треба да бидат дел од процесот бидејќи нема да има корист ниту СДСМ ниту нивните гласачи, рече Ахмети за Алсат и додаде дека е сигурен дека во следниот период ќе има контакти со олеснувачи и помагачи на Договорот од Пржино.

Да се почитува овој Договор и самото почитување на Договорот ќе значи дека сите партии треба да се дел од процесот на одржување на изборите на 5 јуни, рече Ахмети.

 
 
08.04.2016 - 09:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега