Вељановски го честита Меѓународниот ден на Ромите
Собранискиот спикер Трајко Вељановски упати честитка за Меѓународниот ден на Ромите.
По повод 8 Април - Меѓународниот ден на Ромите, од свое лично име и од името на Собранието на Република Македонија упатувам искрени честитки до сите припадници на ромската етничка заедница во Република Македонија.
Република Македонија е една од државите кои се активно вклучени во подобрување на социо-економскиот статус и општествената вклученост на Ромите. Наша заедничка определба е постојано да работиме за меѓусебна почит и взаемна доверба, и на тој начин континуирано ќе го подобриме животниот стандард на нашите граѓани и ќе постигнеме напредок во сите области на општествено делување.
Вашите лични успеси се успеси и за Република Македонија, вашето работење и делување во општествените текови е од неизмерна важност кон градењето на европска и демократска држава во која се промовира недискриминација и еднаквост на сите граѓани.
Нека ви е честит празникот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа