Основниот Суд-Битола го одложи судскиот процес за предметот „Јустиција“

 

Во Основниот суд-Битола денеска беше одложен почетокот на судскиот процес, во јавноста познат како „Јустиција“ кој се води против четворица судии и неколку службеници административни работници од Основниот Суд Скопје-1 за несовесно работење во службата.

Како што е познато со одлука на Врховниот суд овој судски процес ќе се одржува во Основен суд-Битола, но по денешното одлагање истиот е закажан за 18 мај, исто така во Битола.

- Судскиот процес не почна затоа што имаше приговор за месна ненадлежност но со записник беше констатирано дека месната надлежност на Судот во Битола останува и е согласно решението на Врховен суд кое е правосилно и без посебно право на жалба. Инаку, денес во Битола беа присутни осум обвинети, а тројца од обвинетите беа отсутни иако и тие беа уредно известени. Еден од бранителите побара одлагање на судскиот процес заради месната надлежност на Судот и заради ангажираност во други предмети, но и заради здравствени проблеми на некои од обвинетите иако за тоа не достави потврда, истакна судијата во овој процес Милка Бизевска, која воедно ја врши функцијата портпарол на Основен Суд-Битола. 

 
 
08.04.2016 - 12:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега